Политика за приватност
Политиката за приватност објавена на оваа страница се заснова на Законот за заштита на лични податоци на Р.С. Македонија. Во електронска форма пречистениот текст на Законот (ПДФ) може да се преземе од веб страницата на Дирекцијата за заштита на лични податоци на Р.С. Македонија (dzlp.mk). Ве советуваме да ја прочитате Политиката за заштита на лични податоци и повремено да ја проверувате истата за најновите информации во врска со политиката за приватност. Со користење на нашата веб страна се согласувате со условите дефинирани со Политиката за приватност и заштита на лични податоци и Условите за користење на веб страната. Доколку не се согласувате со наведените услови, Ве советуваме да не ги користите нашите услуги.
Политиката за приватност и заштита на лични податоци ги опфаќа практиките за приватност на веб страната brick.mk и податоците при комуникација со тимот на Brick Real Estate - Скопје. Обработката на личните податоци на оваа страница е во согласност со прописите за заштита на лични податоци. Ние секогаш се стремиме да ги обработуваме личните податоци со максимално почитување на приватноста. Со цел да Ви овозможиме користење на нашите услуги, Brick обработува одредени видови податоци за Вас.
Политиката за приватност ги опфаќа следните точки:
-
Што претставуваат личните податоци?
-
Кои видови на податоци ги собираме и обработуваме?
-
За што се користат Вашите лични податоци?
-
Кои се Вашите права во однос на личните податоци?
-
Транспарентни информации, комуникација и начин на остварување на правата на субјектот на лични податоци
-
Промени во политиката за приватност
-
Корисни совети за заштита на лични податоци и приватност
Што претставуваат личните податоци?
Согласно Законот за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, „личен податок" е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име, презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет.
Обработка на лични податоци е секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци, автоматски или на друг начин, како што се собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување.
Личните податоци се обработуваат согласно закон, во доволна мера и на транспарентен начин во однос на субјектот на лични податоци. Личните податоци се собираат за јасни и конкретни цели согласно закон и обработката е во согласност со тие цели. Личните податоци се чуваат не подолго од она што е потребно за целите поради кои се обработуваат и со соодветно ниво на заштита со користење на највисоки безбедносни стандарди, вклучувајќи Secure Socket Layer (SSL) технологија.
Кои видови на податоци ги собираме и обработуваме?
Доколку ја посетувате веб страната како „посетител" што разгледува огласи за недвижности:
Кога ја посетувате нашата веб страна, Вашата приватност целосно се почитува. Доколку ја користите веб страната како посетител, Brick не собира никакви лични податоци за Вас. Brick има увид само на податоци кои не можат да идентификуваат краен корисник (не-лични податоци) - податоци за уредот од кој пристапувате, Вашиот интернет пребарувач, ИП адреса, локација на уредот и слично.
Доколку ни испратите порака преку контакт формата:
За потребите на одговарање на Ваше барање во врска со купување, продажба или изнајмување на недвижност, Brick ги собира и обработува податоците кои доброволно сте ги внесли преку контакт формата - име и презиме, е-маил адреса, телефонски број и содржината на Вашата порака. Доколку дојде до конкретен договор за купопродажба или закуп, можеме да побараме дополнителни податоци потребни за подготовка на документацијата неопходна за остварување на правните постапки.
Доколку се претплатите на нашиот билтен (newsletter):
Доколку одлучите да се претплатите на известувања за нови огласи и понуди, ние собираме и чуваме Вашата е-маил адреса исклучиво за таа цел.
Политика за колачиња (Cookies)
Brick користи технологија на следење (cookies - мали текст фајлови зачувани на Вашиот компјутер) која е корисна за функционирањето на веб страната, за анализа на посетите на нашите огласи за недвижности и за подобрување на корисничкото искуство. Технологијата на следење е анонимна и не содржи лични податоци.
За што се користат Вашите лични податоци?
Brick не одговара за точноста на информациите кои Вие сами ги внесувате. Внесените податоци ги користиме исклучиво за целта за која се внесени. Доколку не сте дале согласност за користење на Вашите податоци за промотивни маркетинг активности, истите нема да бидат користени за таа цел. Brick не ги споделува, не ги пренесува и не ги продава Вашите лични податоци на трети страни.
Вашите лични податоци се користат за:
-
да бидете контактирани од страна на Brick во врска со Вашето барање за конкретна недвижност или услуга;
-
да Ви испратиме информации за достапност на недвижност за која сте изразиле интерес;
-
комуникација со Вас од страна на нашиот тим за продажба, маркетинг или корисничка поддршка;
-
дигитален маркетинг, единствено доколку сте дале согласност за тоа.
Со цел нашите услуги да бидат испорачани со врвен квалитет, Brick може да користи сервиси од надворешни провајдери за одредени технички функции на веб страната. Вашите лични податоци во таков случај се чуваат со највисоки безбедносни стандарди.
Кои се Вашите права во однос на заштитата на личните податоци?
Вашите права вклучуваат: право да бидете информирани за обработката на личните податоци, право на пристап до Вашите лични податоци, право на бришење или измена на личните податоци, право на ограничување на обработката, како и право на приговор.
За дополнителни информации можете да ни пишете на: contact@brick.mk, наведувајќи име и презиме, телефонски број и е-маил адреса, и причина поради која барате информации за обработка на личните податоци или запирање на обработката.
Brick се стреми да ги заштити Вашите лични податоци и да спречи злоупотреба или измена на информациите. При пренос на податоците до нашите сервери се користи HTTPS безбедносен протокол.
Транспарентни информации, комуникација и начин на остварување на правата на субјектот на лични податоци
Имате право да побарате пристап до или измена на личните податоци кои сте ни ги доставили. Контактирајте го нашиот тим преку е-маил на contact@brick.mk. Барањето ќе биде разгледано во рок од 30 дена од денот на поднесувањето.
Brick не врши собирање и обработка на лични податоци кои не се дадени директно од субјектот на лични податоци.
Политика за начин на вршење на обработка на лични податоци за цели на директен маркетинг
Согласно член 11 од Законот за заштита на личните податоци, Brick врши обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг исклучиво по претходно добиена согласност од субјектот на лични податоци, преку селектирање на полето за согласност при пополнување на формата за претплата на билтен или контакт формата.
Субјектот на лични податоци има право во секое време, бесплатно, да ја повлече согласноста, со испраќање на барање на contact@brick.mk, или со кликнување на линкот за отпишување во кој било е-маил.
Промени во Политиката за приватност
Brick го задржува правото да изврши измени на Политиката за приватност во кое било време. Таквите измени стапуваат во сила со самото објавување на веб страницата.
Корисни совети за заштита на лични податоци и приватност
-
Бидете внимателни со Вашите лични податоци на Интернет - каде, со кого и на кој начин ги споделувате.
-
Бидете свесни дека секоја активност на Интернет може да остави траги.
-
Доколку не сакате да регистрирате кориснички профил на некоја страна, не се регистрирајте.
-
Бидете внимателни со веб страни кои бараат повеќе информации од потребното.
